Доволно често можевме да прочитаме дека Apple планира повторно претставување на нивниот поевтин SE модел, што тоа го остава само прашањето кога, а не и дали. Првичните најави беа дека iPhone SE 2 или SE 2020, а според некои и iPhone 9, ќе биде претставен во март, но настанатата ситуација со COVID-19 сигурно ги има одложено плановите.

Според Џон Просер од YouTube каналот „Front Page Tech“, Apple ќе го претстави овој нов телефон оваа недела, а точниот ден ќе биде 15-ти април, односно оваа среда. За ова тој истакнува дека Apple има покажано повеќе знаци, па останува да видиме дали навистина така ќе биде.

Причината поради која Apple сепак ќе го претстави овој телефон, иако не е познато колку корисниците ќе бидат заинтересирани во овој момент да го купат, е и тоа да остане доволно простор пред претставувањето на iPhone 12 во септември.

Инаку, iPhone SE 2020 се очекува да дојде со дизајнот кој последен пат беше користен во iPhone 8, односно последниот дизајн пред iPhone X и популаризирањето на исечокот на екранот.

Тоа значи дека телефонот ќе има големи рамки, а посебно на долната и горната страна, поради што ќе биде достапен и Touch ID сензорот за отпечатоци. Екранот исто така ќе биде со големина од 4,7 инчи, а сето ова ќе биде оправдано со ниската цена од околу 400 долари.

Сепак, телефонот нема да биде направен само со постари елементи, па тука е најновиот A13 Bionic чип од Apple кој моментално се користи кај iPhone 11 моделите. Тоа значи дека корисниците ќе може да очекуваат одлични перформанси од овој телефон, а тоа е нешто што и секогаш се очекува од еден Apple производ.

ИЗВОРTom's Guide
ИЗВОР 2Forbes
Претходна статијаБиодизел – дизел – емисија на штетни гасови
Следна статијаЈавните претпријатија немаат формален систем за мерење на задоволството на граѓаните од јавните услуги
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.