Новите iPhone 16 телефони, кои дојдоа со новата iOS 18 верзија донесуваат една новина која треба да им ги олесни малку ситуациите кога нивниот телефон е „закочен“, односно не се вклучува.
Досега кога ќе се случеше ова кое на англиски е популарно како „bricking“ и телефонот ќе влезе во таканаречениот „recovery“ режим, корисниците требаше да го поврзат својот телефон со Mac и Windows компјутер за да можат да го вратат во функција.
Новите телефони од Apple воведуваат можност која досега беше достапна за „враќање“ на Apple Watch и Apple TV.
Повторното враќање во функција на закочените iPhone 16 модели ќе може да се направи со помош на друг iPhone и тоа безжично. Дечките од 9to5Mac истакнуваат дека корисникот се што треба е да постави друг iPhone телефон до закочениот и процесот ќе започне автоматски.
Потребниот софтвер ќе биде симнат и инсталиран на iPhone 16, по што тој повторно ќе може да биде вклучен и да се користи.



























![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)










