Можеби iPhone и оваа година ќе продолжи да изгледа слично како iPhone 12, но корисниците можат да очекуваат дополнително намалување на веќе доста малите рамки околу екранот.

Оваа информација доаѓа од Ice universe, па можеме да ја сметаме како точна со оглед на досегашното „досие“ на профилот.

Намалувањето на рамките ќе ги направи двата iPhone 16 Pro модели „рекордери“ на овој план на пазарот, а тие наводно треба да имаат рамки потенки и од тие кај Galaxy S24 серијата.

На тоа треба да се додаде и веќе достапната информација за тоа дека Apple оваа година планира да ги издвои Pro од основните модели, со мало зголемување на димензиите на екранот.

Двата Pro модели треба да добијат зголемување од 0,2 инчи, па iPhone 16 Pro се очекува да дојде со екран со големина од 6,3 инчи, додека iPhone 16 Pro Max со 6,9 инчи.

Доколку ова се покаже како точно, iPhone 16 Pro Max би требало да биде најголемиот iPhone досега, а со намалувањето на рамките на корисниците би им овозможил искуство скоро како помалите таблет компјутери.

Има време до претставувањето на новата генерација од iPhone, а сега на ред е WWDC 2024 конференција која ќе се одржи наредниот понеделник.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаMicrosoft ќе бара процент од заработка на OpenAI и нивната нова соработка со Apple
Следна статијаIntel официјално го претстави нивниот Copilot+ чип Lunar Lake
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.