За голем дел од корисниците, можноста да се избере целосно црна боја за нивниот iPhone претставува доста привлечна и важна работа. Apple обично оди со темно сива нијанса, но изминатите години се немаат одлучено да им понудат на корисниците целосно црн iPhone.
Тоа можно е да се смени со претставувањето на iPhone 16 серијата, поточно најголемиот и најскап iPhone 16 Pro Max. Овој модел изгледа ќе добие целосно црна верзија, покрај досегашните бела и титаниум боја.
Според информациите, фали уште една боја, па ќе видиме дали оваа гласина воопшто ќе се покаже како точна.
Инаку, информацијата доаѓа од „Sonny Dickson“, а врз основа на макети од телефонот кои обично им се даваат пред време на производителите на маски и слични додатоци да можат да ги подготват на време нивните производи.
Од објавената слика се гледаат трите бои во кои наводно ќе дојде iPhone 16 Pro Max, а дополнително се гледа дека и оваа година нема да има промени во дизајнот кај телефоните.
Изминатите години стана нормално да не се менува изгледот на новите модели, барем на многу, па чекаме кога компаниите ќе направат доволно големи промени.