iPhone 15 серијата ќе биде претставена во септември, како и секоја година на посебен настан од Apple, со еден исклучок за време на корона кризата. За оваа година се очекуваат неколку новини кај iPhone, а еден од главните е секако конечното вклучување на USB-C приклучок, затоа што веќе мораат.

Друга новина која исто така делува дека ќе биде дел од iPhone 15 серијата е мала измена на изгледот со поголемо заоблување на ќошевите, како и заоблување на страничната рамка, а тука е и намалувањето на рамката околу екранот.

Според информации, кои секако не се потврдени, Apple планира да ја зголеми RAM меморијата, барем кај iPhone 15 Pro моделите. Основните модели можно е да добијат надградба на LPDDR5, па нема да останат без никаква надградба на овој план.

Pro моделите се очекува дека ќе добијат 8GB RAM, што е зголемување од сегашните 6GB, а исто така и зголемување на брзината на меморијата, што е исто така важно.

iPhone телефоните веќе се познати по одличните перформанси, па затоа не е проблем што обично имаат помалку меморија од Android конкурентите, па се прашуваме дали корисниците би можеле да ја забележат разликата доколку оваа информација се покаже како точна.

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаНеофицијални слики ја прикажуваат новата верзија од Motorola Razr со посебна новина кај задниот екран
Следна статијаНовиот Bing сега може да се користи на мобилните преку Bing и Edge апликациите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.