Според информации од ShrimpApplePro, Apple планира мала промена во дизајнот на екранот кај Pro верзиите од iPhone 15 серијата. iPhone 15 Pro телефоните наводно ќе дојдат со помали рамки во споредба со актуелните модели, а исто така овие рамки би требало да бидат и заоблени од страните. Екранот би ја задржал рамната форма, па само страните би биле заоблени.

За најдобро да се добие претстава како би можел да изгледа екранот кај iPhone 15 Pro, може да се спореди со изгледот на Apple Watch 7 или 8.

Оваа гласина треба да се додаде на гласините дека Apple оваа година веќе нема да го користи рамниот дизајн на страните, па повторно тие ќе бидат заоблени како кај неокои од постарите модели.

Заоблените рамки се најавуваат дека ќе бидат направени и кај двата основни iPhone 15 модели, но тие нема да бидат помали во споредба со актуелните модели.

Оваа година сите модели треба да го имаат Dynamic Island исечокот на екранот, а за идната година се очекува дека Pro моделите можно е да имаат помал исечок или само една дупка, како кај Android конкурентите.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаPickbox: Загревање за месецот на љубовта – ви ги препорачуваме овие 4 романтични комедии
Следна статијаMicrosoft тестира можност за прикажување на две страни во еден „таб“ во Edge
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.