Според извештајот од компанијата Counterpoint Research, iPhone 13 е најпродаваниот смартфон во светот за 2022 година. Овој телефон држи 5% од светскиот пазар, а исто така претставува 28% од продажбите на iPhone. iPhone 13 го има првото место во светот од јануари до август минатата година, по што паѓа на второто место во септември, па го држи четвртото место до крајот на годината.

Тоа што е посебно интересно е што повеќето места на топ 10 листата ги држи Apple, односно оваа компанија има 8 уреди на оваа листа. Треба да се нагласи дека се работи за листа за целиот свет, па состојбата во посебните земји е секако различна.

Двете места кои не ги држи Apple, ги држи очекувано Samsung, но големо изненадување е што не со телефоните кои би очекувале, односно од највисоката класа. Двата телефони кои успеаја да се најдат на листата се Galaxy A13 и Galaxy A03. Ова се два прилично евтини телефони, со што се гледа и влијанието на листата од земјите во развој. Овие два телефони ги држат четвртото и десеттото место.

Второто место го држи iPhone 13 Pro Max, а третото место iPhone 14 Pro Max. Од Counterpoint Research истакнуваат дека iPhone 14 Pro Max е првиот iPhone кој успешно се продава повеќе од Pro моделот и основните модели. Овој телефон го држи првото место од септември до ноември, по што паѓа на второто место на сметка на iPhone 14.

Од iPhone телефоните кои се најдоа на листата, е и iPhone SE, што е очекувано, а овој телефон го држи деветтото место на листата.

Телефоните од топ 10 листата држат 19% од целиот пазар, а од аналитичката компанија сметаат дека оваа година овој процент ќе се зголеми. Ова значи дека пазарот полека се повеќе се концентрира во неколку модели и повеќето корисници ги купуваат нив.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаMeta тестира враќање на Messenger назад во Facebook апликацијата
Следна статијаWhatsApp тестира „рок на траење“ за групните разговори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.