
Една работа отсекогаш била главна карактеристика за iPhone телефоните, а тоа е одличната брзина со која работат, односно нивните перформанси. Тоа во главно се должи на фактот што Apple има мал број на уреди за кои е полесно да се одржува добра оптимизација, но тука се и нивните процесори кои тие самите ги развиваат.
Колку се Apple добри во развојот и имплементација на нивните процесори покажува и одлуката да нив почнат да ги вградуваат кај Mac компјутерите, а овие процесори се покажуваат како подобри и од тие на Intel наменети за компјутерите.
Според неофицијалните информации, наредната генерација од чипсетот на Apple, кој ќе биде дел од iPhone 12, наречен A14, ќе дојде со дури 40% подобрување во процесорската моќ, како и 50% подобрување кај графичкиот процесор.
Ова, слободно може да го наречеме, огромно подобрување во главно се должи на тоа што чипсетот ќе биде направен со 5 нанометарска технологија, која покрај другото, ќе овозможи повеќе јадра на иста големина, а со тоа и поголема моќ.
Доколку се покаже како точна оваа информација, ќе го задржи Apple на првото место кога се во прашање перформансите кај iPhone, а кога на тоа ќе се додадат и новините кај iOS 14, iPhone 12 ќе биде навистина добар избор за нов телефон.