ipad-mini-4-hero

На вчерашниот настан кој што го одржа Apple, главното внимание, односно ѕвездите беа новите iPhone 6s модели, како и долго најавуваниот поголем iPad Pro. Покрај другите најави на настанот, Apple претстави и нова генерација од помалиот модел, односно iPad mini 4.

За голем број на корисници mini моделот е идеалната големина која што треба да ја има еден ваков уред. Таблет компјутерите често се користат за едноставни активности, како читање книги, социјални мрежи, видеа и слично, па добро е што Apple продолжува да нуди на пазарот уред во ваков формат, иако има најави дека ова е последниот мини модел.

iPad mini 4 доаѓа со 7,9 инчен екран со резолуција од 2048 x 1536 пиксели што се добива нивна густина од 326 ppi. Ова е во рамките на таканаречената Retina резолуција, што значи со добива екран на кој што нема да има проблем со гледање на пикселите при читање и слични активности.

Работи на A8 чипот од Apple, како и M8 копроцесорот за движења. Од Apple истакнуваат дека новиот чип кој што се вградува во четвртата генерација од мини моделот е со 30% подобри перформанси од минатогодишниот A7 чип, како и 80% подобар во графичките способности.

На задната страна е вградена 8 мегапикселна iSight камера, како и 1,2 мегапикселна FaceTime камера на предната страна.

Изборот на боите останува ист, односно може да се избере помеѓу сива, златна и темно сива боја.

Цената зависи од капацитетот на меморијата, па така iPad mini 4 може да се купи по почетна цена од 399 долари за моделот со 16GB меморија, додека најскапиот модел изнесува 729 долари и вклучува 128GB меморија, како и LTE конекција.

Извор: Engadget, Apple

Претходна статијаiPhone 6S и 6S Plus – еволуција во името, револуција во технологијата
Следна статијаGoPro Odyssey е специјална камера за снимање виртуелна 3D реалност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.