mi-5s-plus_04-copy

Последниве две години, продажбата на паметни телефони на Xiaomi опадна и кинескиот производител падна зад Huawei како најголем во својата земја. Сепак, според нивниот извршен директор Хуго Бара, ова воопшто не ги загрижува, бидејќи тие и не прават пари на своите паметни телефони, туку на останатите придружни уреди.

И точно е дека бизнис моделот на Xiaomi се разликува од оној на остантите произвоидтели, како на пример Apple и Samsung. Наместо да профитираат на своите скапи смартфони, Xiaomi продаваат многу евтини телефони, а подоцна заработуваат на додатоци за нив, како на пример слушалки или пак софтверски сервиси. Ова е слично на моделот на Amazon, Кој продава многу евтини уреди, со цел корисниците потоа да ги користат нивните сервиси и супер популарната интернет продавница.

xiaomi-mi-mix

Xiaomi веќе е длабоко навлезен во производството на паметни уреди за домот и дури и во светот на акционите и камерите со променлива оптика со брендот Yi, а во понудата има и Windows лаптопи. Сепак, тешко е да се верува дека опаѓањето на продажбата на паметни телефони нема да ги погоди, бидејќи со тоа тие губат и на продажбата на другите уреди.

Од друга страна, тие неодамна го лансираа веројатно најинтересниот смартфон годинава Xiaomi Mi Mix, кој сигурно ќе помогне во враќањето на брендот на заслуженото место при врвот на пазарот на паметни телефони. Исто така, тие планираат нов уред на CES во Лас Вегас, кој би можел дополнително да помогне во растот на продажбата.

Извор: Tech Crunch, Android Police, Reuters

Претходна статијаЕЕСТЕК Академија – трет модул „3D Printing”
Следна статијаLingLong DingDong е паметен звучник кој „очигледно“ доаѓа од Кина