Една работа по која се најмногу познати телефоните од Huawei е камерата, а сигурно ова е нешто што би го кажале повеќето корисници. Ова е компанијата која меѓу првите почна да ја користи вештачката интелигенција за правење на многу подобри слики, но сепак и хардверот којшто се користи е еден од најдобрите.

Ова сепак не е само мислење на корисниците и фановите на Huawei. Познатите DxOMark ги тестираат камерите кај најновото од P серијата на Huawei, серија која секогаш е позната по своите камери, како што истакнуваат од DxOMark.

Huawei P40 Pro беше ставен на тест од страна на DxOMark и воопшто не беше за изненадување што овој телефон го освои првото место, како за задните, така и за предните селфи камери.

Покрај тоа што телефонот го има првото место, ова е највисоката оценка која до сега ја има добиено еден смартфон, што доста кажува за квалитетот на сликите кои може да ги очекуваат корисниците на овие телефони.

Леќите кои ги користи Huawei за камерите се Ultra Vision Leica, а тука е и најголемиот CMOS сензор кој досега го имаат вградено од компанијата во нивните телефони. Со тоа се овозможуваат слики со квалитет којшто го заслужуваат само првото место на топ листите.

Главната камера која го има најголемиот CMOS сензор е со 50 мегапиксели, а како што е стандардот кај повеќето производители, овој сензор со комбинација на пикселите дава слика од 12 мегапиксели.

Камерата која овозможува сликање со ултра широк агол е со 40 мегапиксели, а тука е и уште една камера со можност за поголемо зумирање.

Деталниот тест на камерите можете да го прочитате на DxOMark страната на овој линк.

Од компанијата ги тестираа и двете предни камери за сликање на селфи и тие го освоија најголемиот резултат со што се на првото место на листата.

Од DxOMark истакнуваат дека главните предности кај камерите на P40 Pro се бојата, изложеноста на светлина, флешот, шумот на сликите, како и ефектите на заматување на позадината.

Исто така, предните камери имаат значително подобрување при фокусирањето, а се истакнува и дека најдобриот квалитет при сликање на селфи се добива кога се слика од поблиску. Деталниот тест и за селфи камерите можете да го прочитате на овој линк.

ИЗВОРDxOMark
Претходна статијаРабота од дома или како повеќе не ни се потребни старите навики за од канцеларија да се „префрлиме” во аголот од дневната соба
Следна статијаНЕОКОМ АД со поддршка за нормално функционирање на Македонската берза во периодот на криза со COVID-19
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.