WinFuture.de

Во борбата за разликување од силната конкуренција, многу често камерата е таа која што се користи како адут на некој смартфон. Samsung во најновите S9 модели го става акцентот на новата камера, а изгледа новиот Huawei P20 сака да го привлече вниманието токму со овој „дел“ од нивниот уште непретставен телефон.

Како прво да нагласиме дека и името P20 не е уште официјално потврдено, а се верува дека од компанија поверојатно ќе се одлучат за ова име, отколку тоа што доаѓа на ред, односно P11.

Информации за непретставените уреди секогаш има, па тоа е случајот и со овој модел од Huawei, поточно се најавуваат три посебни модели.

Можеби една од поинтересните најави е таа за P20 Pro моделот којшто треба да дојде со тројна камера на задната страна. Истата ќе биде составена од три посебни леќи со 40 мегапикселен сензор на главната, 20 мегапикселен сензор на црно-белата, како и третата „телефото“ леќа со 8 мегапиксели наменета за подобро зумирање на сликите.

На предната страна се најавува камера со исто така големи 24 мегапиксели, па и селфи фотографиите ќе може да се сликаат со одличен акцент на деталите и големината на сликата.

Овогодинешниот модел се очекува повторно да го има чипот со вештачка интелигенција којшто ќе помага за подобро процесирање на сликите.

Huawei се очекува да ги претстави своите нови модели до крајот на овој месец, поточно на 27 март. Очекувањата се дека овие модели ќе бидат вистинска конкуренција на моментално најдобрите на пазарот, а Huawei дефинитивно докажува дека се способни за тоа изминатиот период.

ИЗВОР 2Engadget
Претходна статија„Плати со поезија“ на Јулиус Мајнл го разбуди духот на поезијата Скопје и Велес
Следна статијаЏек Дорси, ко-основачот на Twitter најавува дека Bitcoin ќе биде единствената светска валута за 10 години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.