Како се ближи почетокот на 2018 и настаните кои се одржуваат традиционално во тој период од годината, ќе почнеме да читаме се повеќе неофицијални информации за телефоните кои треба да бидат претставени.

Најмногу секако се очекува од MWC настанот кој се одржува во Барселона секоја година и на кој во главно ги гледаме повеќето нови модели од производителите, иако некои од нив решаваат да одржат посебни настани нешто подоцна.

Како и повеќето други производители, Huawei се очекува да ја претстави својата нова генерација на смартфони на почетокот од 2018, а на ред е P серијата.

Моменталниот модел од оваа серија е P10, па логично се очекува дека наредниот ќе се вика P11. Меѓутоа според информациите кои почнаа да излегуваат, Huawei ќе го промени именувањето на серијата, па наследникот на P10 најверојатно ќе го носи името P20.

Овој начин на именување на наредниот P модел е и логично. Сепак, P11 не остава некој посебен впечаток, како и напредок од претходниот модел, така да јас мислам дека поголеми се шансите да шпекулацијата за P20 е точна.

Од Huawei P20 се очекува да ја продолжи работата започната оваа година со Mate 10 моделите. Тоа значи дека телефонот треба да го има Kirin 970 чипот кој доаѓа со посебен неврален процесор наменет за вештачка интелигенција.

Исто така интересни се најавите за вградување на камера со три Leica леќи со вкупно 40 мегапиксели. Предната камера треба да има 24 мегапиксели и одлична за денешните популарни и неизбежни селфи фотографии.

Извор: Digital Trends, AndroidCentral, Pocket-lint

Претходна статијаOffice 365 за подобра едукација, настава и учење
Следна статијаGalaxy Note 8 има најдобра оптичка стабилизација на сликата споредено со конкурентите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.