Shutterstock.com

Иако Huawei успева да го задржи и зацврсти своето второ место во светот на пазарот за мобилни, сепак блокадата од САД и неможноста за користење на Google апликациите и сервисите не поминува без проблеми. Според некои, да не беше блокадата, оваа компанија можеше да го преземе и првото место досега.

Продажбата на мобилните на кинескиот и другите источни пазари веќе одамна се прави без Google апликациите, но ова е проблем за европскиот и другите западни пазари каде корисниците не ни бараат алтернативи.

Од Huawei веќе активно работат на развојот на своите сервиси и апликации, како и нивната продавница за апликации, а според некои изјави, тие би размислиле дали повторно би ги користеле тие на Google доколку бидат во можност. Тоа секако ќе зависи од тоа кога би била вратена таа можност.

Според руска веб страна од каде своите информации ги влечат од Telegram група, Huawei планира да почне да прединсталира поголем број на апликации во нивните телефони, како еден начин на ублажување на недостатокот од апликации поради недостапноста на Play Store од Google.

Овие апликации кои би биле и до 70 на број, би биле различни и би зависеле од регионот каде ќе се продаваат телефоните. Тие треба да ги содржат некои од најпопуларните апликации во Play Store, а треба да има и доста алтернативни апликации од тие што не се достапни.

Ова секако би ја олеснило работата на корисниците кои нема да мора самите да ги бараат овие апликации, да ги инсталираат посебно, како и да бараат која алтернатива на Google Maps е добра, на пример, а веќе можевме да прочитаме дека Huawei ќе ги користат мапите од TomTom.

Овие информации сепак не се сигурни, па останува да видиме при претставувањето на наредните телефони од Huawei во периодот што следи, а меѓу нив треба да бидат и P40-ките.

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаЉубов во време на смартфони: Како влијае технологијата на вашата врска?
Следна статија10 стрипови кои би биле одлични ТВ серии (дел 2)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.