Let's Go Digital

Технологијата која овозможува свиткување на екраните може да се каже дека уште е во развој, односно „пеглање“ на одредени ситници, додека може да се очекува помасовно популаризирање на уредите со такви екрани.

Овие уреди во основа овозможуваат да корисниците кога се надвор имаат уред со големина и формат на обичен телефон, но кога е потребно, тој може да се отвори и да се добие еден помал таблет компјутер. Овој формат е многу подобар кога се гледаат видеа, слики и слични активности кои бараат поголем екран.

Сепак, додека се решат некои од недостатоците кај екраните на превиткување, а и да паднат цените на ваквите уреди, како доста повеќе популарни се покажаа тие кои се превиткуваат со цел да се добие помал уред за џебот, односно тие како стариот и познат Motorola RAZR.

Motorola веќе претстави модерна верзија од нивниот RAZR, кој доаѓа со екран на превиткување, а тука е секако и Samsung со одличниот и со подобри оценки, Galaxy Z Flip.

Let’s Go Digital

Според неофицијални информации, а и според поднесени патенти, изгледа и Huawei ќе се приклучи на овој тренд на уреди со екран кој се превиткува. Името на уредот неофицијално се најавува дека ќе биде Huawei Mate V, а како и кај конкурентите, тој ќе дојде со екран кој ќе се превиткува навнатре и на хоризонталната линија од уредот.

Како што може да се види од сликите направени врз основа на неофицијалните информации, телефонот треба да изгледа слично како на конкуренцијата, а повеќе информации за што може да се очекува од аспект на карактеристики, сега за сега нема.

Во продолжение можете да го погледнете и видеото за подобар поглед на можниот уред од Huawei.  

ИЗВОРGizchina
Претходна статијаЗаборавете на бактерии и вируси со правилно чистење и одржување на клима уредот
Следна статијаА1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.