Скопје, 25.03.2022 – Продажбата на HUAWEI nova 9 SE, новото издание на популарната серија nova 9, со камера од 108 мегапиксели, иновативни функции за снимање видеа, модерен дизајн и 66W SuperCharge, започнува на македонскиот пазар денеска. Новиот паметен телефон ќе биде достапен за крајните потрошувачи со атрактивни претплати од мобилните оператори Македонски Телеком и А1, а во комплет со Huawei Band 6 ќе може да се купи во продажните мрежи на Сетек, Анхоч, Нептун и Техномаркет.

Сите корисници кои ќе го купат овој телефон до 30 јуни, ќе добијат 12 месечна заштита од оштетување на екранот. Тоа подразбира дека доколку екранот на мобилниот телефон се скрши поради несреќа (судир/пад/стискање), оригиналниот екран ќе може да се замени еднаш бесплатно, без дополнителни трошоци.

„Со HUAWEI nova 9 SE, Huawei им нуди на младите одлична алатка за креирање фотографии и видеа за социјалните мрежи“, вели Лиу Ганг-Скофилд, генерален директор на Huawei Consumer Business Group за Бугарија и Северна Македонија. „Nova серијата отсекогаш била наменета за помладата генерација, а nova 9 SE ја зајакнува оваа цел. Моќната камера нуди модерни карактеристики за да можат младите луѓе да го изразат својот единствен поглед на светот на највлијателен начин“.

Животот во детали од 108 мегапиксели

Huawei nova 9 SE е првиот модел од серијата nova со камера од 108 мегапиксели. Повеќе пиксели овозможуваат јасно снимање на деталите, дури и кога се користи приближување. Моделот нуди и одлична чувствителност на светлина, што значи добри фотографии и при слаба осветленост. При најтешки услови на осветлување, nova 9 SE ја нуди опцијата Super Night Shot со најсовремена технологија за намалување на шум на фотографијата.

Видеото го презема современиот свет и младите бараат креативни алатки за да креираат свои видеа. Во влог на YouTube или кратко видео за TikTok, тие сакаат да експериментираат со нови формати и очекуваат камерата на паметниот телефон да ја разбере задачата. Влогерите ќе ја ценат функцијата Continuous Front/Rear Recording, која овозможува непречено да се префрлате од задната на предната камера, и обратно, и да го снимате резултатот во едно видео. И со Dual-View, можете да снимате од две различни перспективи одеднаш, односно она што се случува пред вашите очи и вашата реакција на тоа.

Huawei nova 9 SE обезбедува пристап до алатката за уредување Petal Clip, што значително го забрзува создавањето влијателна видео содржина. Апликацијата нуди широк спектар на функции за уредување видео, вклучувајќи специјални ефекти, стикери, звучни ефекти, фонтови и други материјали за видео.

Моќна батерија со SuperCharge функција

Благодарение на долгото траење на батеријата, нема да пропуштите ниту едно ново видео, објава или порака. Непрекинатото поврзување е клучно за младите луѓе, а nova 9 SE исто така дава дополнителна удобност со брзото полнење со 66W SuperCharge кое го полни телефонот до 60% за само 15 минути и до 100% за 36 минути. Можноста за брзо полнење е добитник на сертификатот TÜV Rheinland Safe Fast Charge – доказ не само за брзо, туку и безбедно полнење.

Убавина во секој детаљ

Huawei nova 9 импресионира со екран од 6,78 инчи, со стапка на освежување од 90 Hz и стапка на освежување на допир од 270 Hz за непречено користење. Екранот поддржува простор за бои – P3, чиешто богатство се открива при гледање филмови или природни сцени на фотографии и видеа. Huawei nova 9 SE е прекрасен и од задната страна – изработен од сјајно заоблено стакло со кристална текстура. Телефонот е достапен во три бои: Crystal Blue, Pearl White и Midnight Black.

12-месечна заштита на екранот

За корисниците на Huawei nova 9 SE на македонскиот пазар, компанијата нуди уште една, дополнителна 12-месечна заштита на екранот. Ова се однесува на сите нови телефони од овој модел кои се купени во периодот од 25 март до 30 јуни. Гаранцијата мора да се активира во апликацијата My Huawei во рок од 30 дена по активирање на самиот телефон.

Специјална понуда за првите купувачи

Од 25 март, секој што ќе купи Huawei nova 9 SE ќе добие и Huawei Band 6, по препорачана малопродажна цена од 21.999 денари. Оваа понуда е достапна само во Сетек, Анхоч, Нептун и Техномаркет.

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на Huawei.

Претходна статијаРеволуцијата на 5G мобилната мрежа
Следна статијаApple планира да воведе купување на iPhone и другите уреди преку месечна претплата