f96612469ccd44aaa49afcf178236de9

Паметните телефони и таблети кои имаат читачи за отпечатоци на прсти, буквално можат да се набројат на прсти и сите од нив се припадници на највисоката класа. Се досега. Имено, кинескиот производител Huawei спрема паметен телефон со ваков читач, но со неколку пати пониска цена од таа на iPhone 6 и Samsung Galaxy S6, а и најавува уште многу вакви модели.

Заштитата која ја дава ваквиот скенер може да се користи за отклучување на телефонот, но и за плаќање на најразлични онлајн продавници и дури и во нормалните продавници, преку NFC поврзувањето. Ваквата безбедност и комфор, сега ќе може да ја имаат и оние со поплиток џеб, бидејќи цената која е најавена за новиот Huawei е само 160 долари во Кина, што е во рамките на средно – ниската класа.

Всушност, Huawei не само што најави паметен телефон со читач на отпечатоци, туку според вице претседателот на компанијата, Ву Жоу, отсега сите модели на брендот ќе ја имаат таа можност, заедно со можноста за поврзување на сите фреквенции на мрежи низ светот. И сето тоа независно од цената на уредот.

Од она што можеме да го видиме на фотографиите, скенерот е поставен во задниот дел, што го прави малку понезгоден за користење, но и не би можеле да се пожалиме со оглед на цената. Освен дека сигурно ќе биде опремен со Android оперативен систем, останатите спецификации за уредот се уште не ни се познати, но очекуваме да ги објавиме на 2 Јуни, кога Huawei одржува настан за медиумите, па може да се очекува дека ќе го претстави моделот.

Извор: Techno Buffalo, Talk Android

Претходна статијаEcocapsule – Суперкомпактна капсула за живеење со футуристички дизајн
Следна статијаGalaxy S6 Edge со посебна Iron Man верзија за фановите