99mobiles

За разлика од минатата година, кога во главно гледавме смартфони со исечок на горната страна од екранот, оваа година конечно телефоните нема да имаат ниту рамки, ниту исечок на екранот. Технологијата полека го овозможува истото, па веќе и можевме да видиме неколку такви уреди.

Производителите ќе имаат разни решенија за да го постигнат ова. Можевме да видиме уреди кои камерата ја поставуваат внатре во уредот, па истата „излегува“ по потреба од него, уреди на лизгање, како и уреди каков што ќе биде најверојатно Galaxy S10, со мала дупка во горниот дел каде ќе биде сместена камерата.

Со оглед на тоа што Google ги претставува своите Pixel уреди во октомври, што значи дека има уште доста до тогаш, реално е да се очекува дека тие нема повторно да го користат исечокот на екранот.

Според патент поднесен од нивна страна, а забележан од 99mobiles, тие ќе претстават уред без воопшто рамки, но и без исечок. Како што се гледа од сликата од патентот, тие најверојатно нема да користат ни некој вид на дупка за камерата.

За жал, од патентот не може да се види каде би била сместена предната камера, па за тоа ќе почекаме да видиме уште неколку неофицијални информации.

Што се однесува до задната страна, таа изгледа типично за Pixel уредите. Сепак, се работи за патент од кого најмногу на интересира предната страна, па не би го земале ова како показател дека задната страна на уредите ќе остане баш иста.

ИЗВОР99mobiles
ИЗВОР 2T3
Претходна статијаWindows 7 има уште една година до целосното прекинување на поддршката
Следна статијаGoogle Maps ќе почне да ги прикажува ограничувањата на брзината, како и радарските контроли
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.