GoogleNexus6-koM--621x414@LiveMint

После насловот, веднаш ќе речете „Па Google има свои паметни телефони“ и ќе бидете делумно во право – ја имаат Nexus серијата. Сепак, Nexus телефоните ги прават други производители и Google не е целосно навлезен во нивниот развој, поточно тие повеќе се задолжени за оптимизација на софтверот. Годинава, тие планираат лансирање на целосно свој паметен телефон, кој најверојатно ќе биде од Pixel линијата.

Да потсетиме, Pixel линијата на уреди на Google почна со лаптоп со Chrome OS пред неколку години, а денес е збогатена и со Android таблет кој има можност за дополнителна тастатура и користење како своевиден лаптоп. Pixel уредите ги карактеризираат исклучително моќни компоненти и премиум изработка, нешто што секако би можело да се префрли и на паметниот телефон со овој брендинг.

9302015111348AM_635_google_pixel_c

Секако, бидејќи информациите сѐ уште се сиромашни, може да се случи овој телефон да се продава под Nexus брендот, во што лично се сомневам – оваа линија ќе остане каква што беше досега, односно ќе биде развиена заедно со производителите на хардвер.

Pixel линијата на паметни телефони би можела да биде директен противник на Apple iPhone, односно би била начин Google подлабоко да навлезе во светот на хардверот. Слично како Apple, Google тука би имал целосна контрола и на хардверот и на софтверот, па може да очекуваме подобра оптимизација.

Google наредната година планира лансирање и на Project Ara телефонот, кој е делумно модуларен, односно овозможува менување на различните компоненти. Можно е да испадне и ова да биде паметниот телефон кој ќе биде прв со логото на Google, но јас сепак би се обложил на тоа дека тие прво ќе лансираат „нормален“ паметен телефон.

Извор: Mashable, ARS Technica, Gizmodo

Претходна статијаКои беа најчестите Google пребарувања на Британците по завршувањето на референдумот
Следна статијаFacebook Slideshow автоматски ќе креира видео од вашите слики и видеа