Фото: Shutterstock.com

Наредната генерација од Galaxy Z Fold серијата ја очекуваме во август, како и изминатите неколку години. На ред е шестата верзија од уредот, односно Galaxy Z Fold6.

Гласините најавуваат доста добра вест за шестката, па наводно Samsung има успеано да ја намали дебелината на уредот кога е преклопен од 13,4 на 11 милиметри. Ова можеби не делува како драстично намалување, но со оглед на тоа што се работи за доста дебел уред, секој милиметар прави разлика.

Според информациите, тежината нема многу да се намали, меѓутоа и со тоа мало намалување и генералната промена на чувството при користење, ќе се добие уред кој е многу попријатен од претходните генерации.

Samsung исто така во Galaxy Z Fold6 ќе вгради нова верзија од тенкото стакло кое се користи кај ваквите уреди, а истото треба да биде поиздржливо, како и подобро за користење.

На крај, се најавува и подобрување на механизмот за преклопување кој треба да биде помал и доста поиздржлив.

Се работи за доста добар уред кој како ќе станува потенок, се повеќе ќе има логика корисниците да го користат како замена за нивниот класичен смартфон. Во случајот на Samsung, останува и само да се зголеми ширината на уредот кога е преклопен, па Galaxy Z Fold сигурно ќе стане една од попопуларните серии од компанијата.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаSamsung ја претставува визијата за Galaxy AI на MWC 2024 преку најнови производи и услуги
Следна статијаЗапочна пријавувањето за „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.