Concept art of the Galaxy X by YouTube channel TechConfigurations

Веќе можевме да прочитаме дека Samsung е во подготовки да го претстави долго очекуваниот смартфон со екран на превиткување, Galaxy X, на почетокот од идната година. Информациите дури ја дадоа и цената на овој уред, кој наводно ќе се продава по цена од 1.600 евра, што со оглед на моменталните цени на уредите од највисоката класа, еден ваков уред сигурно може да се очекува да има ваква цена.

Сега повторно излегуваат информации дека Samsung е во финалната фаза од подготовките за почеток на масовно производство на екранот потребен за овој уред. Информациите доаѓаат од корејскиот ETNews, а научени сме да оваа страна објавува точни информации кога е Samsung во прашање.

Иако повеќе пати можевме да прочитаме нешто за Galaxy X, информациите околу овој уред се се’ уште прилично малку. Не е сигурно дали уредот воопшто ќе биде наречен Galaxy X, а исто така уште не знаеме до кој степен е развиена технологијата која треба да овозможи екран на превиткување.

Со оглед на времето кое останува до почетокот на идната година, сигурно во меѓувреме ќе излезат повеќе информации, а посебно доколку производството на уредот навистина почне.

ИЗВОРT3
Претходна статијаInstagram тестира можност за поставување на прашања и давање одговори во Stories
Следна статијаSegway претстави електрични „ролерки“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.