Не дека немаше и сами да претпоставиме, но кога ќе биде лансиран Galaxy S9 ќе го има најмоќниот чип во моментот. Поточно, ќе ги има двата најмоќни достапни чипови за Android смартфоните – едниот ќе биде Exynos, кој најверојатно ќе се нуди на нашиот пазар, додека вториот ќе биде Snapdragon 845, новиот знаменосец на Qualcomm.

Ова не е никакво изненадување, иако претходно имаше најави дека Samsung би можел да го вгради Snapdragon 836, процесор кој треба да биде подобрена верзија на актуелната 835-ка и кој најверојатно ќе биде дел од новите Pixel смартфони. Сепак, за нов модел на Samsung од високата класа секогаш се очекуваат најдобрите компоненти достапни во моментот, а на почетокот од наредната година најдобри процесори на пазарот ќе бидат Snapdragon 845 и новиот Exynos чип од високата класа.

Дали и други смартфони од високата класа ќе успеат на време да го добијат Snapdragon 845 останува да видиме – LG оваа година беше извисен со својот G6 смартфон од страна на Qualcomm, бидејќи немаше доволно 835-ки, односно сите беа вградени во Galaxy S8 и S8+. Ова е помалку веројатно, освен ако LG не се одлучи на Snapdragon 835 наместо 845 заради намалување на цената.

Samsung Galaxy S9 инаку треба да биде претставен во март или април наредната година. Од него се очекува да донесе многу новитети, како читач за отпечатоци вграден во дисплејот и за прв пат во ова серија, двојна задна камера.

Извор: TechRadar, TechnoBuffalo, Pocket-Lint

Претходна статијаГугл тестира „олеснета“ Search апликација која користи минимален интернет сообраќај
Следна статијаGoogle Contacts достапна за корисниците на Android 5.0 или понов