Двојните камери кај паметните телефони стануваат се проприсутни, пред се бидејќи донесуваа вистински придобивки за корисниците. Затоа, мало изненадување беше што Samsung не вгради две камери во задниот дел на веројатно највозбудливите два смартфони претставени во последно време, Galaxy S8 и S8+.

Сепак, се чини дека Samsung дефинитивно размислувал да го направи тоа. Доказ за ова се протечени фотографии од проттипи за Galaxy S8, на кои во задниот дел има двојна камера и на кои интересно, нема читач за отпечатоци на прстите, кој се чини е во предниот дел.

За оние кои не се доволно информирани како оди развојот на нови смартфони, неколку тимови на производителот претставуваат различни концепти за тоа како го замислуваат идниот модел. Потоа, се одлучува за избор на најдобрите прототипи, од кои се прават реални модели. На крај, од направените прототипи, се бира еден модел кој според производителот најмногу би одговарал на пазарот.

Според тоа, Samsung очигледно се одлучиле да го следат трендот на помала рамка околу дисплејот, а не трендот за двојна камера. Ќе повторам, за да вградат двојна камера во задниот дел, тие веројатно вградиле хардверско копче со читач за отпечатоци во предниот, што веројатно би ја зголемило рамката.

Оттаму и вградувањето на читач за отпечатоци до камерата, кој веројатно не бил замислен во старт да биде во задниот дел и инженерите на Samsung морале набрзина да измислат место каде ќе го вградат. Има и информации според кои Samsung заедно со Synaptics развивал читач за отпечатоци кој се вградува под дисплејот, но тој не бил подготвен за масовно производство.

На крај, сето ова можеби и нема да биде важно, бидејќи Galaxy S8 и без двојната камера наиде на многу позитивни критики кај критичарите и воопшто, широките маси. Едно е сигурно – ќе се продаде во милиони.

Извор: Android Authority, Android Central, CNET

Претходна статијаAndroid го престигна Windows како најкористен оперативен систем на интернет
Следна статијаIntel Kaby Lake-G процесорите ќе имаат помоќна графика и поддршка за побрза HBM2 меморија