Фото: Shutterstock.com

Редовниот и најчесто точен „протекувач“ на информации, @evleaks, ја објави датата кога ќе се одржи првиот Galaxy Unpacked настан за идната година, настан на кој ќе биде претставена Galaxy S25 серијата. 

Сликата, која изгледа како официјалната од Samsung, беше објавена на X, меѓутоа моментално е тргната, но истата е достапна на Android Police

Според истата, Galaxy Unpacked настанот ќе се одржи на 22 јануари, а локацијата ќе биде истата од изминатите години, Сан Франциско. 

Без разлика дали оваа дата ќе испадне дека е точна, претставувањето на Galaxy S25 серијата се очекува за овој период, па скоро е сигурно дека тоа ќе биде некој ден од крајот на јануари. 

Тоа што изненадува од најавата е дека Samsung ќе претстави четири модели од Galaxy S25, наместо три како досега. За четврт модел можевме да прочитаме претходно, но тој модел се најавуваше дека можеме да го очекуваме нешто подоцна, а не заедно со трите Galaxy S25 телефони. 

Најавите се дека Samsung ќе претстави потенка верзија од Galaxy S25, а тоа ќе биде направено како конкуренција на исто така потенкиот iPhone модел кој Apple наводно планира да го претстави идната година. 

Засега двата телефони се неофицијално најавувани, па не знаеме дали навистина можеме да ги очекуваме. 

Кога сме кај работите кои Samsung се одлучија да ги направат повеќе во стилот на Apple, тука е најавата дека Galaxy S25 Ultra ќе дојде со заоблени агли, нешто што ќе го направи телефонот доста подобар, а веќе ја имаме и One UI 7 верзијата која може да се каже дека делумно е инспирирана од iOS 18.

Барем во случајот со Samsung, за еден месец ќе видиме што планираат да претстават од компанијата. 

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаКвантна телепортација низ постојните интернет кабли
Следна статија„Perplexity Pro, најнапредниот пребарувач базиран на вештачка интелигенција, достапен бесплатно една година за сите корисници на Телеком“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.