Фото: Smartpix

Според едни од неофицијалните информации кои редовно излегуваат, Samsung планира намалување на резолуцијата на предната камера кај наредната генерација од нивниот најсилен Galaxy S модел.

Наместо сегашните 40 мегапиксели, кои ги има Galaxy S22 Ultra, наредниот модел, Galaxy S23 Ultra, наводно ќе дојде со предна камера со 12 мегапиксели.

Ова на прв поглед делува како влошување на овој дел од телефонот, но како што знаете, бројот на пиксели кај камерите не е главниот фактор за квалитетот на сликата.

Намалувањето на резолуцијата на камерата ќе биде искомпензирано со вградување на поголем сензор, нешто што е доста поважно за квалитетот на сликите. Поголемиот сензор ќе може да „собере“ повеќе информации, а тоа посебно доаѓа до израз кога се слика во не толку добро осветлени услови.

Според информациите, новата камера треба да има и пошироко поле на сликање, што значи дека повеќе луѓе ќе може да се „сместат“ во сликата.

Оваа нова камера идната година можно е да се користи во целата серија, односно овој пат да нема разлика помеѓу Ultra моделот и другите два модели.

Веќе можевме да прочитаме дека Galaxy S23 Ultra ќе дојде со главна камера од 200 мегапиксели, па ова ќе биде нешто што ќе го издвојува овој модел од другите.  

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаШто значат новите ознаки во различни бои на Twitter
Следна статијаКористење на горива добиени од преработен отпад и цврсти горива од отпад во цементната индустрија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.