Веќе неколку години Exynos чипот од Samsung не се покажува баш најдобро во споредба со конкуренцијата која едно време успешно ја победуваше. Тестовите за споредба на истите телефони од компанија кои работат на Exynos и Snapdragon, веќе неколку години покажуваат дека Snapdragon верзијата е доста подобра, па корисниците кои имаат уред со Exynos имаат проблем со перформансите.

Ова не е баш најдобро за корисниците кои платиле да користат телефон од највисоката класа, со соодветна цена, а имаат проблеми во користењето.

Сепак мора да нагласиме дека проблемите не се толку лесно забележливи, па доаѓаат до израз на тестовите, како и од страна на корисниците кои навистина ги носат до максимум своите уреди.

Оваа година се покажа дури дека Snapdragon 8 Gen 1, иако повторно подобар од Exynos 2200, сепак има одредени проблеми поради процесот на производство, па затоа од Qualcomm се одлучија за процесот на TMSC за Snapdragon 8+ Gen 1.

Според неофицијалните информации, од повеќе избори, но и од познатиот Минг-Чи Куо, Samsung од идната година нема да го користи Exynos чипот, поточно непретставениот Exynos 2300, кај нивните најдобри телефони, па наместо тоа ќе го користи Snapdragon 8 Gen 2 кај сите, односно не само во САД и уште неколку региони.

Уште поважно, Qualcomm ќе го користи TMSC и нивниот 4nm процес на производство кај Snapdragon 8 Gen 2, па разликата во перформанси од годинешните модели ќе биде доста голема, а посебно за европските корисници на Galaxy S серијата кои го имаа Exynos чипот.

Дали овие информации навистина ќе се покажат како точни, не можеме уште сега да знаеме, но кога ќе се земат во предвид критиките кои ги има Samsung на овој план, веруваме дека време е и вакво нешто навистина ќе биде донесено како одлука.

Претходна статијаА1 Македонија ги доби 5G фреквенциите
Следна статијаApple ги пушти првите бета верзии за сите корисници од iOS 16, iPadOS 16, macOS Ventura и watchOS 9
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.