По воведувањето на можноста за сателитска комуникација на новата iPhone 14 серија, се доби впечатокот дека оваа година повеќето телефони, барем од повисоката класа, ќе го следат овој „тренд“.

Излезе и неофицијалната информација дека Galaxy S23 можно е да дојде со ваква функција, а тие очекувања делуваа како сигурни по најавата на Qualcomm на Snapdragon Satellite функцијата која беше најавена дека ќе биде дел од телефоните кои работат на Snapdragon 8 Gen 2 чипот.

Samsung ја претстави Galaxy S23 серијата, но не и можноста за сателитска комуникација. Ова сепак не е нешто што претставува проблем, посебно за корисниците во нашата земја. Македонија е мала земја која е скоро целосно поврзана со мобилна мрежа, во најголем дел и со 4G/5G мрежа, па можноста за поврзување со сателити, не е нешто што би ни требало.

Како и да е, причината поради која Samsung не се реши да ја воведе оваа функција кај нивната најнова серија од највисоката класа е едноставна. Функцијата се’ уште не е доволно добра, односно е ограничена, а тоа можевме да го видиме и при најавата на функцијата од страна на Apple, како и тестирањата подоцна.

Ова како причина го даде директорот на компанијата ТМ Рох, па би можеле да се сложиме со неговото објаснување. Samsung ќе овозможи нешто вакво кога технологијата ќе биде доволно развиена, а такво нешто нема да треба да се чека со години. Неколку компании работат на сателитска комуникација, а со лансирањето на сателити во пониската орбита на Земјата, оваа комуникација ќе биде доста постабилна и сигурна.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаApple нема да назначи нов главен за дизајн по заминувањето од компанијата на замената на Џони Ајв
Следна статијаMeta можно е да го следи примерот на Twitter и да воведе платена верификација на профилите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.