Новата Galaxy S23 серија изгледа крие една одлична функција која е наменета за „гејмерите“. Истата е откриена од страна на „јутјуберот“ NL Tech и како што истакнува, а можеме и ние да потврдиме со нашиот примерок од новите телефони, функцијата не е достапна за сите.

Се работи за функцијата „Pause USB Power Delivery“ и истата се вклучува преку Game Booster прилагодувањата. Кога ќе се вклучи, полначот веќе не ја полни батеријата, па телефонот се напојува директно од полначот, па на некој начин може да се каже дека батеријата е заобиколена.

Ова овозможува да загревањето на процесорот од играњето на игра, не е дополнето со загревањето кое доаѓа при полнење на батеријата, со што се постигнува многу помало загревање кое може да биде регулирано со системот за ладење на телефонот.

Покрај тоа, корисниците кои често играат игри преку нивниот телефон, на овој начин можат да го продолжат векот на батеријата за прилично добар процент.

Во нашиот примерот кој го имаме на тест, оваа функција не е достапна, па не е познато дали се планира за во иднина со некоја надградба или ќе биде достапна во одредени региони. Како и да е, се работи за уникатна функција за која се прашуваме зошто досега никој ја нема воведено, а дефинитивно ќе ги направи Galaxy S23 телефоните уште поуникатни.

Нешто што исто така оди во правец на подобрување на искуството при играњето игри е и посебната верзија од Snapdragon 8 Gen 2 чипот, специјално засилен за Galaxy S23 серијата.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаРекорден број на инсталација на Microsoft Bing апликацијата по претставувањето на интеграцијата со ChatGPT
Следна статијаMicrosoft утре ја пушта надградбата која ќе го тргне Internet Explorer од компјутерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.