Се наоѓаме на само две недели од претставувањето на Galaxy S10 телефоните од Samsung, кои ќе бидат претставени во Сан Франциско на 20 февруари.

Според досегашните информации, треба да бидат претставени три различни варијанти од S10, од кои едната ќе биде враќање на таканаречената lite верзија.

Сепак, најновите информации, како и денешната, говорат дека името на lite моделот ќе биде S10e и овој уред нема да ја носи ознаката lite.

Како и другите два модели, S10e ќе има дупка во горниот дел од екранот во која ќе биде сместена камерата. За разлика од другите два модели, S10e нема да има сензор за отпечатоци под екранот, па овој сензор ќе биде поставен на страната, односно на копчето за отклучување и заклучување на уредот.

Од сликите кои се неофицијални, но веруваме точни, може да се види овој телефон, а на едната слика е измерена и големината на дупката за камерата. Истата изнесува 5 мм во дијаметар, што значи дека дефинитивно ќе може да се забележи, а истото се гледа и од сликите.


ИЗВОРGSM Arena
Претходна статијаKој е твојот изговор да се фатиш за мобилниот додека возиш?
Следна статијаGoogle претстави додаток за Chrome кој ги проверува лозинките на корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.