Остануваат уште нешто повеќе од месец дена до претставувањето на јубилејните Galaxy S10 модели, а како што најавивме, до настанот ќе прочитаме уште по некоја тура на неофицијални информации.

До официјалното претставување на уредите ќе ги имаме скоро сите информации, па како и обично, настанот ќе остане да се гледа поради задоволството, целосното разгледување на уредите, како и по некоја необјавена информација.

Најновите информации доаѓаат од придонесувачот на XDA Developers Макс Веинбах, па иако некои од тие информации се во правец на досега објавеното, не можеме да знаеме дали се навистина точни. Сепак, еве ги во продолжение тврдењата на Макс:

Galaxy S10 Lite: 4GB RAM со 128 GB простор за податоци,

Galaxy S10: 6GB RAM со 128GB или 256GB простор за податоци,

Galaxy S10+: 6GB или 8GB RAM со 128GB, 256GB или 512GB простор за податоци.

Со оглед на досегашните модели, но и другите неофицијални информации, веруваме дека ова ќе бидат официјалните карактеристики на S10-ките, барем кога е во прашање меморијата.

Макс исто така истакнува дека и овие модели ќе дојдат со слушалки од AKG, компанија која Samsung ја купи пред две години. Од досегашното искуство, овие слушалки се со одличен квалитет и се подобри од било кои други што посебно ги имам купено.

Камерите на S10-ките ќе бидат во различен број. Па така, S10 lite и S10 ќе имаат по две камери на задната страна, додека S10+ ќе има трета.

Трите модели ќе имаат една стандардна 12 мегапикселна камера со “варијабилна апертура” која се прилагодува автоматски зависно од светлината и со тоа овозможува најдобар можен квалитет.

Трите модели исто така ќе имаат по една 16 мегапикселна камера со широк агол, а S10+ моделот ќе дојде и со една 13 мегапикселна телефото камера која ќе овозможи многу подобри ефекти кои зависат од проценката на длабочината на сликата.

Уште една информација која исто така досега ја имаме прочитано повеќе пати е таа дека S10 и S10+ ќе дојдат со понапредниот и побезбеден ултра звучен сензор за отпечатоци за прсти под екранот.

Што се однесува до S10 lite, можевме да прочитаме дека тој ќе има сензор за отпечатоци од страната или под екранот, меѓутоа направен со послабата оптичка технологија. Според Макс, сензорот кај овој модел ќе биде сместен од страна на уредот.

ИЗВОРТ3
Претходна статијаЗапознајте ја апликацијата Huawei Facing Emotions која им помага на лицата со оштетен вид
Следна статијаYouTube Annotations ќе ги нема на видеата од денес
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.