note-7-

Galaxy Note 7 беше претставен на 2-ри август и веќе успева да биде еден од најмногу популарните уреди од класата. Кога ќе се земат во предвид неговите карактеристики, како и популарноста на претходните модели, ова воопшто не изненадува.

Note 7 ќе доаѓа со 4GB RAM меморија, како и 64GB простор за складирање на податоци. Ова е во рамките на понудата на конкурентите, а и доволно за супер корисничко искуство кое се очекува од класата.

Сепак, како што се очекуваше, Samsung ќе претстави и дополнителен модел кој ќе биде ист со најавениот, но со повеќе РАМ меморија и простор за податоци.

Овој модел за почеток ќе биде достапен само на кинескиот пазар, а ќе вклучува 6GB RAM меморија и 128GB простор за податоци.

Ова можеби изгледа како непотребно, најавениот модел има доволно ресурси за одлична работа, но кога ќе се земе во предвид објаснувањето од Samsung, работите стануваат јасни.

Објаснувањето е директно поврзано со пазарот на кој ќе биде достапен овој модел. Конкуренцијата од кинеските производители веќе активно вградува 6GB RAM во своите најдобри модели, па од Samsung во основа мораат да реагираат соодветно.

Овој модел во иднина сепак може да се најде во понудата и на другите пазари во светот, а тоа ќе зависи од реакцијата на корисниците.

Извор: TechoBuffalo, The Korea Herald

Претходна статијаMercedes Future Bus за автоматизиран јавен транспорт
Следна статијаПрвите патенти за „автомобил“ од Apple изгледаат како тенк
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.