Фото: Shutterstock.com

Apple се’ уште нема iPhone кој доаѓа со USB-C приклучок, но се верува дека оваа година тоа ќе се промени. Причините се познати, а тоа е законот во ЕУ кој бара од производителите да го користат овој приклучок поради можноста на корисниците да со еден полнач и кабел, ги полнат сите нивните уреди, кратко кажано.

Оваа година излегоа информации дека Apple планира да ја задржи контролата и заработката која ја има со Lightning приклучокот, па да наплатува за сертифицирање на каблите со „Made for iPhone“ програмата. Тие што нема да бидат сертифицирани, ќе имаат ограничена брзина за пренос на податоци, нешто што сигурно на многу корисници не им прави некоја посебна разлика.

Тоа што сепак би направило разлика е ограничувањето на брзината на полнење на телефонот, па корисниците ќе мора да ги купуваат каблите кои се сертифицирани од компанијата.

Според информациите од германски медиуми, европскиот комесар Тиери Бретон испратил писмо до Apple преку кое ги предупредува дека ограничувањето на USB-C каблите не е дозволено и ако такво нешто се направи, iPhone не би можел да се продава во Европската Унија.

Законот во ЕУ ја донесува обврската до крајот на идната година, па ќе видиме што ќе направат од Apple, односно прво да видиме дали навистина iPhone 15 серијата ќе дојде со USB-C.

iPad уредите, кои веќе имаат USB-C приклучок, не доаѓаат со ограничување на каблите, односно може да се користат било кои.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаGoogle го најави Pixel Fold
Следна статијаGoogle ја менува „катанец“ иконата во Chrome
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.