Doogee е прилично познат производител кај нас, кој потекнува од Шпанија и кој нуди смартфони со солидни спецификации и многу ниски цени. Сега тие го следат трендот на смартфони со потенок дисплеј и многу мала рамка околу него со Mix серијата на паметни телефони, која е очигледно копија на Xiaomi Mi Mix серијата и која донесува „премиум“ дизајн за оние со поплиток џеб.

Сега тие го лансираат вториот Mix модел, за кој сѐ уште немаат најавено цена, но кој изгледа навистина интересно, нешто налик на спој меѓу Galaxy S8 и LG G6. Како и кај тие два смартфони и Dooge Mix 2 има издолжен дисплеј со 18:9 сооднос со резолуција од солидни 2160х1080 пиксели и големина од 5,5 инчи.

Во внатрешноста се наоѓа солиден MediaTek Helio P25 процесор, кој е помогнат од масивни 6 GB рам меморија, 64 GB простор и кој ќе се напојува од солидна батерија со 4.060 mAh. Назад е очигледно дека телефонот има двојна камера, но спецификациите не се познати, а истото важи и за предната. Ова се навистина спецификации кои се подобри од многу смартфони во средната класа и ако Doogee ја погоди цената на телефонот, односно таа не биде повисока од 300 долари/евра, би можеле да имаме победник во средната класа.

Се што останува е само да видиме дали Doogee ќе го понуди овој смартфон на нашиот пазар или дали тој воопшто ќе биде понуден, бидејќи информациите се прилично сиромашни.

Извор: Android Police, Doogee

Претходна статијаSpaceX ќе ги замени сите ракети со нова, модуларна ракета
Следна статијаAston Martin влегува во бизнисот на производство на подморници