Shutterstock.com

Првиот iPhone кој го најави тргањето на home копчето од телефоните на Apple, беше iPhone X кој беше претставен во 2017. Заедно со него беше претставен и iPhone 8 кој го задржа стариот дотогаш користен дизајн, а iPhone X изгледа беше еден вид на тест за тоа како корисниците ќе го прифатат тој концепт.

Како што се виде од годината потоа, Apple сите модели ги претстави во форматот и дизајнот на iPhone X, со што home копчето отиде во историјата, барем кај iPhone уредите.

Доналд Трамп изгледа дури оваа година се има решено да го купи најновото од Apple, па минатата недела тој даде и свое мислење преку неговиот омилен медиум за комуникација, Twitter.

Тој го повика Тим Кук и му нагласи дека копчето на iPhone било многу подобро од „swipe“ гестикулацијата која го замени ова копче. Кратко и едноставно, а секако интересно и привлечно за коментари од повеќето кои ги „сакаат“ твитовите на претседателот на САД.

ИЗВОРMashable
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSamsung прикажа нов концепт на уред со екран кој се превиткува
Следна статијаSDC19: Samsung и IBM претставуваат 5G и AI-фокусирани мобилни решенија за IBM Cloud за компании
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.