screen-shot-2016-11-23-at-10-24

Најголемите светски производители на хардвер буквално зависат од источните земји како Кина за производство. Меѓу нив е секако и Apple, кој сите делови за своите уреди ги произведува во тие земји.

Новиот претседател на САД Доналд Трамп сака да го промени ова. Тој најави големо намалување на даноците за американските компании, доколку тие го преселат производството во САД. Всушност, тој веќе имал разговор со извршниот директор на Apple, Тим Кук, со кого разговарал за оваа можност.

Доколку Apple го пресели производството целосно во САД би наишол на огромно покачување на цената на производството. На пример, денес производството на еден iPhone во Кина чини 5 долари, но во САД би чинел многу повеќе.

Ова би можело делумно да се олесни со намалување на даноците, но тоа и натаму веројатно би било недоволно за да се задржат профитите кои ги има Apple во моментов. Исто така, Кина има многу поквалитетни работници, кои имаат подобри вештини во производството.

Доналд Трамп има идеја како да ги направи цените на американските производи конкурентни на пазарот дури и со повисоките цени, преку донесување на дополнителна тарифа од 45% за сите увезени стоки од другите земји.

Сепак, според одредени страни, ова би било многу лош потег, бидејќи би значело крај на слободната економија на САД со другите земји, како Кина. Во овој случај, Кина би можела исто така да воведе високи тарифи за американските производи, што би ги направило производите на Apple апсолутно неконкурентни на тој пазар.

Сите овие одлуки на Трамп можеби се „патриотски“, но според одредени луѓе, тие би можеле да значат драматично влошување на економијата на САД и скоро сигурно не би биле прифатени од конгресот. Apple веројатно ќе направи истражување на изводливоста за производство на домашно тло, но според се, тешко дека ќе се одлучи на тоа, дури и Трамп да донесе некои даночни олеснувања.

Извор: The Next Web, CNBC, The Verge

Претходна статијаWestern Balkan Startups – приказна за паметење
Следна статијаMicrosoft ги лансира Solitaire игрите со карти на Android и iOS