commodore-pet-android-1

Commodore е компанија која што постои уште од 1954 година, меѓутоа ние како корисници најдобро ја познаваме по легендарните Commodore 64 и Amiga компјутери кои што во главно ги користевме за играње на игри во осумдесеттите и деведесеттите години.

Ова компанија за жал банкротираше во 1994 година, по што сопствеништвото над брендот беше променето повеќе пати во изминатите 20тина години.

Оваа недела на пазарот ќе биде претставен нов Android телефон кој што ќе го носи брендот на Commodore и името на еден од постарите компјутери од компанијата Commodore PET. PET беше мал персонален компјутер претставен во 1977 година.

Commodore PET ќе биде претставен од страна на компанијата Commodore Business Machines Limited која што е регистрирана во Велика Британија од страна на италијанските бизнисмени кои што тврдат дека ги имаат купено правата за користење на брендот.

Што се однесува до самиот телефон, тој ќе биде од високата класа, што значи дека ќе доаѓа со прилично добри перформанси.

Commodore PET ќе доаѓа со 5,5 инчен IPS екран со Full HD резолуција, а ќе работи на осум јадрен 64-битен процесор од Mediatek на 1,7 GHz, како и 2 GB RAM меморија. Камерите на телефонот ќе бидат 13 и 8 мегапикселни, а батеријата со капацитет од 3.000 mAh.

Телефонот треба да се продава по цена од 300 долари, односно 365 долари за појакиот модел кој што ќе вклучува 32 GB простор за складирање наместо 16, како и 3 GB RAM меморија. Двата модели треба да дојдат со microSD картички со капацитет од 32 GB.

Интересно кај телефонот е тоа што тој ќе дојде со емулатори на кои што ќе можат да се играат старите Commodore 64 и Amiga игри. Инаку оперативниот систем ќе биде Andorid 5.0 со посебен кориснички интерфејс.

Сепак, повеќе информации за телефонот ќе можеме да дознаеме кога тој официјално ќе биде пуштен, а овие информации доаѓаат од порталот Wired кои што добиле еден уред на тестирање.

Извор: Wired, Commodore, ZDNet

Претходна статијаГолемиот хадронски судрувач откри нова честичка – пентакварк
Следна статијаHTC претстави четири нови телефони од пониската класа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.