Aquaris-x5 copy

Cyanogen верзијата е особено популарна кај “Power” корисниците на Android смартфоните, но само како надградба, односно со реинсталација. Во меѓувреме, Cyanogen имаше неколку обиди нивниот оперативен систем да влезе во некои модели уште од фабрика, но ниту еден од тие модели не беше поддржан од операторите.

Поддршката од операторите е многу важна за успех на пазарот – повеќето од купувачите се одлучуваат на нов телефон со договор. Затоа, договорот со Telefonica, шпанскиот гигант во мобилната телефонија, претставува голем чекор напред за Cyanogen, кој го носи веројатно најдобро оптимизираниот и најдобро заштитен Android чекор поблиску до корисниците.

Телефонот кој ќе доаѓа со оваа Android верзија е BQ Aquaris. Се работи за модел од средната класа, кој ќе биде понуден за 209 евра кај истиот оператор, односно за 8,7 евра месечно на две годишен договор. Спецификациите се мошне солидни – процесорот е Snapdragon со четири јадра на 1.4 Ghz, помогнат од 2 GB рам и 16 GB интерна меморија, со можност за проширување преку micro SD картичка, додека задната камера има 13 мегапиксели.

Aquaris X5 е опремен со Cyanogen OS 12.1, кој се базира на Android 5.1.1, а кој има неколку подобрувања, пред се во поглед на безбедноста, со целосна контрола на приватноста. Исто така, Cyanogen верзиите се познати по одличните перформанси, особено во однос на фабричките скинови на Samsung, Sony и LG.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаBlackBerry спрема уште еден Android телефон
Следна статијаПристигна првата поголема надградба за Windows 10, со неколку нови функции и подобрувања