original-copy

Канадскиот производител од неодамна почна само со ребрендирање на паметни телефони од други производители и нормално, сите тие се без хардверска тастатура. Сепак, хард кор фановите на брендот нема за што да се грижат – тие ќе лансираат нов телефон со хардверска тастатура и потврдата доаѓа директно од нивниот извршен директор.

Имено, извршниот директор на компанијата Џон Чен, потврди дека тие ќе лансираат телефон со дополнителна тастатура и дека тој тоа веќе им го ветил на купувачите. Моментално, компанијата има два модели во арсеналот, DTEK 50 и DTEK 60, кои се само ребрендирани Alcatel телефони со вграден софтвер за подобрена безбедност и енкрипција.

Ова е целосно спротивно на најавите кои ги имаше неодамна, а кои велеа дека Blackberry целосно ќе се откаже од производството. Да, Blackberry би можел да ребрендира и некој ваков модел, но засега нема паметен телефон на пазарот со хардверска тастатура, барем не таков кој би ги задоволил критериумите на Blackberry.

Сѐ уште нема информација за уредот, односно дали тастатурата ќе биде на лизгање или ќе биде константно изложена. Сепак, знаејќи го приемот на Priv на пазарот, кој имаше тастатура на лизгање, можно е компанијата повторно да лансира телефон со изложена тастатура, како Bold или Passpord, модели кои беа подобро примени на пазарот. Новиот телефон сепак би имал Android OS, а не на Blackberry.

Извор: Techno Buffalo, Android Central, GSM Arena

Претходна статијаSamsung ја купува познатата Harman со цел побрз влез во автомобилската индустрија
Следна статијаТрет ДИГИТ Веб – Развивање интерактивни веб-страни