Веќе пишувавме дека Apple очекува значително помали приходи во последниот финансиски период од планираното, а тоа се должи на помалиот број на продадени нови модели од iPhone.

За помалата продажба на iPhone се одговорни повеќе фактори. Еден од нив којшто сериозно влијае на продажбата е кинескиот пазар којшто е доминиран се’ повеќе од домашните производители кои продаваат одлични модели за доста пониски цени.

Сепак, уште еден фактор влијае на помалата продажба, а за него пишувавме веќе неколку пати. Се работи за попустот којшто Apple почна да го дава за промена на старата батерија кај iPhone моделите, а како резултат на откривањето дека уредите софтверски за “забавуваат” поради истата.

Тоа значи дека корисниците кои не се веќе задоволни со перформансите на својот iPhone, можат истото да го “средат” со менување на нивната застарена батерија, наместо да купат нов телефон.

За потсетување, Apple ги намалува перформансите на iPhone по одредено време, со цел да се избегнат проблемите кои може да се јават поради староста на батеријата и намалувањето на нејзиниот капацитет. Ова намалување на перформансите може да се исклучи од најновата верзија на iOS 12, меѓутоа со можноста да се замени батеријата за само 29 долари, повеќе корисници се имаат одлучено за второто.

Според информациите, дури 11 милиони батерии биле заменети минатата година поради објавените информации за перформансите, како и овозможениот попуст.

Секако не сите овие корисници би купиле нов iPhone, меѓутоа се верува дека оваа бројка значително влијае во намалената продажба на нови модели. Корисниците дознаа дека не мора да го купат најновиот модел за да имаат телефон со добри перформанси.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаYouTube Annotations ќе ги нема на видеата од денес
Следна статија5 причини за гледање на новата мистериозна серија The Truth About the Harry Quebert Affair
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.