Фото: Majin Bu на X

Уште од минатата година можевме да прочитаме за планот на Apple, неофицијално, за менување на изгледот на горниот дел од екранот кај iPhone, односно тргање на се’ уште големиот исечок.

Оваа година повторно излезе информацијата дека планот останува, а сега читаме за тоа дека од компанијата наводно почнале со тестирање на изгледот на iPhone 16 Pro кој за првпат треба да го донесе стилот кој со години се користи кај Android конкурентите, само една „дупка“ за камерата и ништо друго.

Според X корисникот Majin Bu, Apple ја тестира оваа верзија од iPhone, но тој не верува дека ќе ја видиме дури до iPhone 17 Pro, односно дека сепак нема да биде идната година.

Се надевам дека неофицијалниот план на Apple нема да биде „прекршен“, а посебно што ја чекаме и 2026 година кога iPhone на предната страна треба да има само екран и ништо друго.

Причината поради која Apple, карактеристично за нив, доцнат со воведувањето на карактеристика која повторно ја има со години кај Android конкурентите во главно е поради Face ID. Овој систем користи посебни камери кои прават 3Д слика од корисникот за доста побезбедно отклучување на уредот, за разлика од користење само на „селфи“ камерата.

Овие камери зафаќаат и поголем простор од обичната камера, па затоа и големината на исечокот кој го имаат iPhone телефоните до ден денес.

Од компанијата можеа да одлучат да продолжат да го користат Touch ID системот, но Face ID е не само побрз, туку и многу поедноставен, а корисниците скоро и да не забележуваат дека нивниот телефон прво треба да биде отклучен.

Претходна статијаЗапочна дводневната АмЧам Конференција посветена на дигиталната трансформациja и сајбер безбедноста
Следна статијаInstagram доби повеќе нови филтри за објава на слики, подобрувања кај Reels и уште неколку новини
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.