Samsung е убедливо најголемиот производител на мали OLED дисплеи за паметните телефони и ако некој друг производител сака да вгради еден таков во свој смартфон или таблет, голема е шансата тој да биде на корејскиот производител.

Еден од оние кои наскоро ќе зависат од OLED екраните на Samsung е Apple, кој таков дисплеј ќе вградува во својот нов iPhone 8 модел.

Ова за компанијата е далеку од идеално – дел од профитот кој ќе го направат на овој смартфон, кој се очекува да биде исклучително успешен, ќе оди на сметката на Samsung. Потоа, корејскиот гигант овие пари може да ги искористи за развој на нови технологии, со кои тие би можеле и да го поминат Apple.

Затоа, според изворите, Apple веќе бара решение кај други производители, а како можност се разгледува дури и тоа сами да ги произведуваат овие екрани од наредната генерација на iPhone (8S или 9).

Во почеток тие сепак веројатно ќе се ориентираат кон други производители. Имено, OLED дисплеите се дефинитивно иднината и слободно може да се очекува дека ќе се вградуваат во сѐ повеќе смартфони, таблети и лаптопи, па со тоа се очекува и многу други производители да се придружат во производството, иако тоа е прилично тешко и CVD машините со кои се изведува се многу ретки.

На пример, LG веќе најави дека ќе го зголеми обемот на производство на OLED дисплеи и тие би биле одличен партнер на Apple – безопасен на пазарот на смартфони, но со можност да испорача квалитетен производ.

Извор: PocketNow, 9 to 5 Mac, GSMArena

Претходна статијаРСБСП Совети – Добар одмор за безбедно патување
Следна статијаНаредната генерација на Microsoft HoloLens ќе има посебен процесор за вештачка интелигенција