Apple објави нов краток филм снимен само со iPhone

„Shot on iPhone“ треба да покаже што може да се направи со камерата која доаѓа со телефоните од Apple

Камерите на мобилните телефони веќе подолго време се доволно напреднати да со нив може да се сликаат и снимаат навистина квалитетни снимки. Доколку некој и знае што прави, сликите и снимките често може и да не се познае дека доаѓаат од телефон.

Apple отсекогаш во своите iPhone модели имаат вградувано камери кои ги ставаат овие уреди на врвот, а тоа го знае секој корисник на компанијата.

Со доаѓањето на вештачката интелигенција на мобилните телефони, камерите станаа уште подобри, а за да тоа го покаже Apple веќе неколку пати објавуваат краток филм снимен целосно со iPhone.

Најновиот краток филм се вика „The Lonely Palm Tree, Samoa“ и е дел од „Shot on iPhone“ серијалот на Apple.

Снимен е со iPhone XS, а се користени и неколку помагала како држачи за мобилниот, стабилизатори, филтер и слично, односно користени се DJI Osmo Mobile 2, FiLMiC Pro, Joby GripTight PRO Video GP Stand и NiSi Smartphones Filter Kit.

Претходна статијаHuawei го претстави за европскиот пазар Honor View 20 со камера во екранот
Следна статијаHuawei го претстави новиот P Smart 2019 на специјален настан во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.