Веќе можевме да прочитаме за можното додавање на iPhone Ultra верзија кај смартфоните од Applе, тогаш како замена на Pro Max верзијата. Информацијата која и тогаш ја објави Марк Гурман од Bloomberg, сега излезе со нова информација која повторно ја има можноста за Ultra верзија од iPhone.

Според него, Apple размислува за додавање на уште една iPhone верзија во линијата која нема да замени некоја од постојните, па наместо тоа ќе биде позиционирана како понапредна и поскапа верзија.

Оваа iPhone Ultra верзија наводно треба да се очекува најрано идната година, односно со претставувањето на iPhone 16 серијата.

Според Гурман, до ваков заклучок може да се дојде од дел од говорот на директорот на Apple, Тим Кук, за време на презентацијата на финансиските резултати на компанијата.

Тој говорел за растот на цените на телефоните, споредувајќи ја највисоката цена пред неколку години и сега, но додал дека тоа не е проблем за корисниците кои можат да бидат „убедени“ да платат уште повеќе.

„Мислам дека луѓето се спремни да навистина се „истегнат“ за да го купат најдоброто што можат да си го дозволат во таа категорија.“ Истакна Кук и додаде дека iPhone има станато интегрален дел од животите на луѓето, кои го користат за да плаќаат, да ги контролираат своите уреди од паметниот дом, да го менаџираат своето здравје, да чуваат банкарски податоци и слично.

Apple веќе го користи името Ultra, па не е неочекувано да почне да го користи и кај iPhone. Оваа верзија од iPhone се очекува да има дополнителни функции кај камерата, уште побрз чип, а се најавува и можноста за уште поголем екран.

Јасно станува дека Apple размислува да додаде уште еден модел кој би го купувале луѓето кои обично сакаат да го купат најскапото, без разлика дали тој модел нуди нешто посебно и потребно за корисниците.

Има време до идната година, а и Гурман најавува дека од компанијата ова го размислуваат, па ќе видиме дали ќе биде донесена ваква одлука.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаMicrosoft изгледа е блиску до пуштањето на Bing верзијата направена со интеграција со ChatGPT
Следна статијаПоврзани со светот: Згаснуваат старите технологии, збогум 3G
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.