Фото: Shutterstock.com

Корисниците на iPhone сигурно со години веќе се прашуваат зошто Apple не ја воведува можноста за обратно, односно двонасочно безжично полнење, кое е посебно корисно за тие кои имаат и безжични слушалки или часовник.

Едно од објаснувањата е дека Apple не сакаат да воведат нешто додека не се сигурни дека ќе може да функционира беспрекорно, но и да им овозможи на корисниците посебно и дополнително корисничко искуство.

Според информации од 9to5Mac, Apple продолжуваат со развојот на оваа функција, но истакнуваат дека не е исклучено можноста истата да биде и откажана.

Оваа функција се очекуваше да биде за првпат воведена минатата година со iPhone 14 Pro серијата, но како што знаеме, тоа не се случи. Делови од хардверот во iPhone, посебно во воведувањето на MagSafe функцијата укажуваат на тоа дека од компанијата одамна работат на развојот на двонасочното безжично полнење, но никако тоа да се случи.

Овие информации ги зголемуваат надежите дека оваа функција ќе биде конечно пуштена оваа година, но не видовме ништо такво кое ќе може да се смета како прилично силна гаранција.

Како одлично за работите да отидат во овој правец се истакнува соработката која Apple ја има со Wireless Power Consortium во развојот на Qi2 стандардот, каде од компанијата ќе овозможат голем дел од својата MagSafe технологија.

Според информациите од 9to5Mac, Apple во голема мера работи на развој на технологијата доволно за да нема проблеми со брзината на полнење, а уште поважно, загревањето на уредите.

Зошто им треба толку време, не е јасно, посебно што Android конкурентите веќе одамна ја имаат оваа функција и не сме забележале проблем во нејзиното функционирање, барем не кај тие од високата класа.

ИЗВОР9to5Mac
Претходна статијаGoogle го претстави својот конкурент на ChatGPT наречен Bard
Следна статијаСудија ја има искористено ChatGPT алатката за да донесе пресуда
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.