iPad mini беше еден од најуспешните модели на компанијата, меѓутоа тоа беше во времето кога овој формат на таблети беше популарен кај корисниците, а со тоа и кај конкурентите.

Фактот што последниот mini модел последен пат беше претставен во 2015 година, кажува доста за движењето на пазарот кој отиде во правец на популарност на поголемите модели.

Голема улога во тоа имаат и Surface уредите на Microsoft, кои го раздвижија пазарот на таканаречени хибридни уреди кои може да се користат и како лаптоп и како таблет компјутер.

Со се поголемата популарност на смартфоните со поголем екран, односно од 5,5 до 6 инчи, постоењето на таблет компјутер со големина на екранот од околу 7 инчи, изгледа стана непотребно.

Ова се информациите кои од порталот BGR тврдат дека ги имаат добиено од извори во Apple, кои се разбира се анонимни.

Според нив, од Apple планираат да престанат да го развиваат mini моделот, а причините за тоа се големиот пад на продажбата. Причините за тоа ги гледаат токму во губењето на позицијата поради поголемите смартфони во својата понуда.

Фактот што Apple во својата понуда веќе одреден период имаат и поголем смартфон, го прави mini моделот непотребен, па тоа го покажуваат и бројките на продажбата.

Од BGR немаат информација дали Apple планираат целосно да ја прекинат продажбата на iPad mini или само нема да понудат понов и освежен модел.

Како и да е, дефинитивно оваа категорија на таблет компјутери ја изгуби својата пазарна позиција, па иако одредена категорија на корисници се’ уште ги сметаат за одлични, повеќето корисници се одлучуваат за друг уред.

Помалите уреди обично се користат за читање и гледање видео содржина, па разбирливо е зошто некој којшто има телефон од 6 инчи, не би имал корист од еден 7 инчен таблет.

Извор: BGR, PhoneDog

Претходна статијаНовиот Surface Pro ќе биде само освежување на актуелниот модел, ќе биде претставен на 23 мај
Следна статијаТехнологијата за препознавање на гласовни команди на Google има стапка на грешка од само 4,9%
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.