Фото: Apple

Векот на траење на батериите во главно се мери преку бројот на целосните полнења и празнења, односно бројот на циклуси кои ги има батеријата. Досегашните модели од iPhone имаат батерии кои „ветуваат“ отприлика 500 циклуси на животен век, а корисниците на iPhone 14 серијата се жалеа дека нивните уреди доста побрзо го губат максималниот капацитет на батериите.

Со текот на користењето, односно со зголемувањето на бројот на циклуси, батериите го губат својот максимален капацитет, па обично мерките се прават за тоа колку циклуси може да издржи една батерија без да и падне максималниот капацитет под 80%.

Apple ја промени бројката на циклуси која ја предвидува за iPhone 15 серијата, па корисниците на овие телефони сега треба да очекуваат до 1000 циклуси без батеријата да падне под 80% од својот капацитет.

Оваа промена доаѓа по новите тестирања кои ги имаат направено од Apple, за кои секако нема повеќе детали, па само се истакнува дека телефонот треба да се користи под одредени услови.

Корисниците на iPhone 15 серијата ќе добијат и мала новина поврзана со батеријата со наредната верзија од iOS, која треба да излезе идниот месец, iOS 17.4.

Во делот за батеријата во Settings, уште на првиот екран ќе се гледа „здравствената состојба“ на истата, со ознаки како „нормална“ и слично. Доколку притиснат на ова мени корисниците ќе влезат на претходно достапниот дел каде има повеќе детали за батеријата.

Во овој дел како и досега ќе биде прикажан точниот максимален капацитет на батеријата во проценти, како и можноста за избор на начин на полнење.

Тоа што е ново е што во овој дел се префрлуваат информациите за бројот на циклуси, месецот на производство и месецот кога првпат била користена батеријата, па корисниците за овие информации веќе нема да мора да одат во Settings > About.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаSignal ја зголеми приватноста на корисниците со можноста за криење на телефонскиот број
Следна статијаApple најави нов протокол за шифрирање на iMessage кој ќе ги заштити корисниците од идните квантни компјутери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.