Shutterstock.com

Познатиот Ming-Chi Kuo кој најчесто е во право за неофицијалните информации кои ги објавува, излезе со инфо дека iPhone 12 моделите ќе дојдат без жичаните слушалки кои се секогаш дел од пакувањето, но уште поважно, без полнач кој корисниците ќе мора посебно да го купат.

Информацијата за жичаните слушалки може и не е толку важна, најмногу поради тоа што тие што слушаат често музика на нивниот телефон сакаат квалитетни слушалки, па сигурно веќе ги имаат купено некои од достапните безжични слушалки кои ги има и Apple во нивната понуда.

Полначот од друга страна обично се смета за важен дел од пакувањето. Корисниците обично него го продаваат заедно со телефонот, ако го продадат кога купуваат нов, а не ретко од „шетање“ натаму наваму, полначот кај многу корисници е оштетен, па кога ќе купат нов телефон, сакаат и нов полнач.

Apple до некаде го почна овој начин на работа од минатата година, кога во пакувањето на iPhone 11 вклучи само стандарден полнач, а доколку корисниците сакаат да го полнат својот уред со поддржаното брзо полнење, требаше да купат нов полнач од Apple со 18W.

Според информациите од Kuo, корисниците ќе можат да купат полнач од 20W за iPhone 12, со што овој телефон ќе може да се полни уште побрзо од ланските модели.

Ова сепак е нешто што изгледа ќе станува почесто во иднина. Тоа е дури целта на Европската Унија со барањето да се унифицираат полначите цел да корисниците да не ги фрлаат старите кога ќе купат нов телефон.

Како и да е, корисниците кои ќе купат iPhone 12 треба да бидат спремни да во таа цена ја додадат и таа на новиот полнач, доколку немаат некој постар и не им смета што нема да го добијат 20 ватното полнење.

Исто така, доколку се покаже дека доста Android корисници би сакале да му дадат шанса на iPhone 12 оваа година, а во голем дел и поради многуте Android новини кои ги има iOS 14, ќе мора да купат нов полнач.

Како причина за оваа одлука на Apple се наведува зголемувањето на трошоците поради 5G поддршката која треба да ја имаат iPhone 12 моделите, а желбата да се задржи истата цена како кај ланските модели. Исто така, од компанијата ќе го истакнат и влијанието за животната средина во нивни стил.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаФИТР го продолжува рокот за аплицирање на повикот за Технолошки развој за брзо прилагодување на Ковид-19
Следна статијаFacebook мобилната апликација конечно ќе добие темна тема – истата се тестира кај корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.