Еден од најпознатите „шпекуланти“ кога е во прашање мобилната индустрија, а посебно Apple, Минг-Чи Куо, излезе со информација дека Apple се имаат премислено за откажување на SE серијата на iPhone. Куо оваа информација ја даде на почетокот од годината, но сега има нови информации.

Според него, iPhone SE 4 може да се очекува идната година, а овој модел овој пат ќе биде подобар од претходните. Во основа тој најавува дека се работи за изменета верзија од iPhone 14, што значи дека SE серијата ќе дојде со екран со големина од 6,1 инч, за разлика од последниот кој има екран со 4,7 инчи.

Уште поголема е најавата дека оваа поевтина класа на iPhone ќе дојде со OLED екран, наместо со LED, нешто што сигурно ќе привлече дополнителен број на корисници.

Исто така, iPhone SE 4 треба да дојде со чип за 5G развиен од Apple, наместо од Qualcomm, а ова е нешто што веќе одреден период се најавува, а од компанијата се’ уште се соочуваат со одредени технички проблеми пред да го пуштат нивниот чип и кај поскапите телефони.

Со промената на големината на екранот кај iPhone SE серијата, доколку овие информации се точни, се гледа дека Apple ќе се обиде повеќе директно да конкурира на пазарот од средната класа, кој моментално секако го држат Android уредите.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНов „volume mixer“ е достапен во најновата тест верзија од Windows 11
Следна статијаMicrosoft тестира подобрување на видеата со слаба резолуција во Edge
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.