Се наближува моментот кога Apple ќе го пушти iPhone X во продажба и кога повторно ќе има редици пред нивните продавници. Сепак, има опасност нивниот најимпресивен смартфон досега да не го најде местото до сите купувачи кои сакаат да го имаат, поради проблеми со производството на Face ID технологијата, а со прецизноста која Apple ја најави од „1 во милион“ шанси да биде пробиена.

Според извори блиски до компанијата, добавувачите на Apple имаат проблем да го произведат Face ID со таа прецизност на скенирање на лицето во доволно голем број за телефонот да може да биде испорачан до сите купувачи, па затоа Apple одлучил да се намали прецизноста на целиот систем, со цел да биде постигнато планираното производство.

Истиот извор тврди дека и покрај ова, Face ID е и натаму побезбеден од читачот за отпечатоци Touch ID, односно има поголема прецизност на препознавање, но дека бројката не е толкава каква што најави Apple. Секако, ова ќе го испитаат многу публикации откако ќе биде лансиран смартфонот, особено што тој може да се заштити само со лицето на корисникот, а не и со отпечатокот.

Во меѓувреме, Apple испрати одговор на овие информации, тврдејќи дека прецизноста и безбедноста на Face ID ќе останат исти како што беше најавено кога беше официјално претставен iPhone X. Според тоа, јас би рекол дека потенцијалните купувачи не би требало премногу да се грижат, но дека треба да ги прочитаат рецензиите пред да купат. Нормално, тука не спаѓаат фановите на iPhone, кои веќе го порачаа телефонот.

Извор: Mashable, CNBC, Gizmodo

Претходна статијаСо „Правен Калкулатор“ до полесна пресметка на сите видови правни трошоци
Следна статијаТим Кук веќе го подготвува неговиот наследник на позицијата CEO на Apple