Продажбата на таблети на светско ниво константно паѓа, но Apple не застанува да иновира во овој сектор. Тие наредниот месец планираат да лансираат дури четири нови модели на iPad, кои треба да ги покријат сите потреби на купувачите.

Сите модели ќе имаат различна големина на дисплеите. Најмалиот “mini” и натаму ќе има 7,9 инчен дисплеј, додека стандардниот iPad Pro и натаму ќе има 9,7 инчен дисплеј. Поголемиот iPad Pro ќе има екран со големина од 12,9 инчи, како и досега, и ќе биде наменет за посериозна работа, што значи дека остана место за уште еден модел.

Новиот таблет во iPad понудата ќе има дисплеј со големина од 10,5 инчи и ќе биде премиум модел. Овој таблет нема да биде “Pro”, односно нема да биде насочен кон оние кои сакаат да користат и тастатура, но затоа ќе има неколку иновации. Имено, додека останатите модели ќе имаат скоро ист дизајн и димензии како своите претходници, премиум моделот ќе има многу мала рамка околу дисплејот и нема да има “Home” копче.

Ова значи дека тој ќе биде насочен кон купувачите кои го сакаат најдобриот можен таблет – 10,5 инчниот iPad ќе биде веројатно помал и потенок од 9,7 моделот, со уште поостар дисплеј. Лично, очекувам и различен дизајн за овој модел, можеби со стакло во задниот дел, како и ново име кое ќе го дистанцира од останатите модели.

Новио таблет во понудата, како и 12,9 инчниот iPad Pro, ќе бидат опремени со Apple A10X чип, кој треба да донесе скок во перформансите во однос на A10 чипот во iPhone 7 и да им овозможи на корисниците да направат многу повеќе на својот таблет отколку што можеа досега. Помалите два модели пак ќе бидат опремени со A9X, кој се вградува во актуелните модели.

Извор: The Next Web, Engadget, ARS Technica

Претходна статијаSamsung Galaxy Book е Windows 10 таблет кој ќе биде претставен на MWC
Следна статијаПоследна недела за аплицирање за Codefest Marathon 2017